Полжав торта
Со овој рецепт сакам да заокружам една убава бројка на рецепти и да се заблагодарам на сите што ги читаа,споделуваа и испробаа моите рецепти а исто и благодарност до тимот на Моирецепти за нивната соработка. Постарите домаќинки сигурно ќе се сетат на овој рецепт кој навидум е едноставен, а вкусот е прекрасен.
1 И 3 тесто
Се прават значи две исти теста-3 јајца убаво се матат со шеќерот додека смесата стане пенаста. Полека кон смесата се додаваат оревите измешани со брашното и пецивото. Со цедалка се наросува и какаото и убаво се соединува. Смесата се сипе во калап бр 28
2 тесто
Се матат 4 јајца со шеќерот додека убаво се спои, а потоа се додава брашното со пецивото и се пече исто во калап бр 28.
Фил 1
Млекото се загрева со шеќерот додека зоврие. Во зовриеното млеко се додава пудингот и густинот и се вари крем. Густинот и пудингот убаво се растопуваат во малку млеко да биде смесата сосем изедначена. Од како ќе се олади кремот се соединува со изматениот путер со шеќерот во прав. За овој фил најубаво е да се користи путер, а кој сака може да го замени и со маргарин.
2 фил
На млака рингла се растопува чоколадата со млекото и се додаваат мелените ореви. Убаво се меша да се соедини целата смеса.
На чинија за торта се става едно црно тесто и се премачкува со фил во подебел слој-скоро половина од филот.
Второто тесто-жолто се сече на половина и се добиваат две корички. Секоја кора се сече на 8 парчиња како за кифлички.Од секое парче се витка кифличка. Во секоја кифличка се става по една лажичка од филот. Кифличките се редат во круг врз филот. Сите кифлички ги собира врз филот во еден ред и над нив се става пак од шолтиот фил па врз него 2 црна кора. Одозгора тортата се премачкува со малку фил и со рендана чоколада.
Тортата е висока и треба да одстои 4-5 часа пред сечење за убаво да се спои средишниот дел. Одозгора може да се декорира и со шлаг но во старите рецепти правило беше декорацијата да е од состојки кои ги има во самата торта и јас така и направив.
Лиценца: Сите права се задржани
Те поздравувам, ти го честитам овој прекрасен јубилеј и се надевам на поскора повторна средба!
повеќе години се дружиме со тебе и твоите рецепти... и виртуелно, а и лично сме виделе колку си брза и вешта во нивната подготовка. До толку што некогаш ни камерите не можеле да постигнат :)
Сепак, ќе си дадеме за право да кажеме дека оваа твоја торта е можеби најдобриот рецепт досега, навистина ремек дело! Ти благодариме за неа, а и за сите твои рецепти и труд кои ги вложуваш на оваа страница. Ти подаруваме ваучер од 6000 денари за купување Делимано производи. Честитки!
Со задоволство ги очекуваме твоите следни идеи!
Тимот на МоиРецепти
Ти посакувам многу здравје и среќа и уште многу, мнооогу јубилеи со рецепти направени само за убави моменти од животот. Те гушкам силно!
Provereni i predobri recepti kako i do sega, taka i od sega ocekuvame! :-)
да ти честитам не можам, рано е. знам ќе има уште поводи за тоа и многу се радувам :)
но можам да ти кажам ФАЛА!
фала што ме научи да приготвувам подобро од порано, што ми покажа дека и во тоа има уметност и премногу љубов. особено кога приготвуваш за семејството <3
со леснотија ќе стигнеш до 1.000 и јас ќе бидам со тебе цело време. да учам, да се радувам, да повторувам по тебе :*