Полжав корички
Лесен, вкусен и брз доручек или вечера.
1. Во сад се става млекото (млако), издробениот свеж квасец, солта, шеќерот и брашното, се мати со жица и се остава да скисни.
2. Откако ќе скисни, се додава маслото и се изедначува смесата која личи на каша.
3. Се зема 1 кора и се премачкува со 3 лажици од кашата, се ренда сирењето или се става изварка, и се наросува (по желба) со шарена сол.
4. Кората се витка во ролатче, а потоа се витка како полжав. Така се прави со сите кори, и сите полжавчиња се редат во подмачкан плех.
5. Полжав коричките се премачкуваат со јајце, се наросуваат со сусам и ленено семе и се печат на 190 степени околу 30-35 минути.
Во коричките може да се стави и рендана салама или кашкавал.
Со јогурт или кисело млеко имате вкусен оброк, а вкусни се и меки и кога ќе изладат. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани