1. Зелката ја сецкаме, jа ставаме во сад на оган да испари течноста. Во зелката го додаваме маслото и црниот бибер. Пржиме половина час. Ја оставаме да се излади.
2. Земаме по 4 кори. Најгорната кора ја попрскуваме со 1 лажица масло. По должина на едниот крај ставаме од филот. Корите ги виткаме како ролат. Истата постапка ја повторуваме со сите кори.
3. Коричките ги редиме во подмачкан плех со масло. Коричките ги сечиме ( отприлика да бидат долги 10 цм ).
4. Вака подготвените корички ги попрскуваме со 2 лажици масло. Печиме на 180 степени 20 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани