Декоративни, меки кифлички е мојот денешен предлог. Никогаш доста од рецепти за кифли. И покрај тоа што имам омилени рецепти, кои барем еднаш неделно ги подготвувам, сакам да пробам и други рецепти.

Подготовка:

1. Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка се соединуваат активирани квасец, водата, маслото, солта, оцетот. Промешуваме. Постепено додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто. Го покриваме со прозирна фолија и го оставаме да се дуплира.
3. Потоа го делиме на 6 топки. Секоја топка ја расучуваме во корa. Формираме 2 купчиња со по 3 кори.
Прва корa, па премаз од растопен путер, па втора кора, па премаз од растопен путер, па трета кора. Сега од така наредните корички формираме две правоаголни кори.
4. Во сад ги соединуваме младото сирење, сол, и тука ставам јас 1 и 1/2јајце. Остатокот го чувам за премачкување одозгора. Полнењето го делиме на 2 дела, за двете кори. Убаво го размачкуваме по кората. Сега виткаме ролат. Со остар нож го сечеме на парчиња, дебели по 2 цм. Ги редиме во плех.
Покриваме и оставаме на топло 20 минути. Ги премачкуваме со јајце со малку млеко, наросуваме сусам и чурек.
5. Печеме во загреана рерна да заруменат. Оставаме на кујнска решетка да се изладат.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани