Полжав торта
Состојки
- 1 и 3 тесто
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици мелени подпечени ореви
- 1 лажица какао
- 1 лажица брашно
- 1 пециво
- 2 тесто
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 1 пециво
- фил -1
- 800мл млеко
- 6 лажици густин
- 1 кесичка (40 гр.) пудинг од ванила
- 150гр шеќер
- 250гр шеќер во прав
- 250гр путер
- фил -2
- 100гр чоколада за готвење
- 1 лажица млеко
- 250гр мелени ореви
Подготовка
Со овој рецепт сакам да заокружам една убава бројка на рецепти и да се заблагодарам на сите што ги читаа,споделуваа и испробаа моите рецепти а исто и благодарност до тимот на Моирецепти за нивната соработка. Постарите домаќинки сигурно ќе се сетат на овој рецепт кој навидум е едноставен, а вкусот е прекрасен.
1 И 3 тесто
Се прават значи две исти теста-3 јајца убаво се матат со шеќерот додека смесата стане пенаста. Полека кон смесата се додаваат оревите измешани со брашното и пецивото. Со цедалка се наросува и какаото и убаво се соединува. Смесата се сипе во калап бр 28
2 тесто
Се матат 4 јајца со шеќерот додека убаво се спои, а потоа се додава брашното со пецивото и се пече исто во калап бр 28.
Фил 1
Млекото се загрева со шеќерот додека зоврие. Во зовриеното млеко се додава пудингот и густинот и се вари крем. Густинот и пудингот убаво се растопуваат во малку млеко да биде смесата сосем изедначена. Од како ќе се олади кремот се соединува со изматениот путер со шеќерот во прав. За овој фил најубаво е да се користи путер, а кој сака може да го замени и со маргарин.
2 фил
На млака рингла се растопува чоколадата со млекото и се додаваат мелените ореви. Убаво се меша да се соедини целата смеса.
На чинија за торта се става едно црно тесто и се премачкува со фил во подебел слој-скоро половина од филот.
Второто тесто-жолто се сече на половина и се добиваат две корички. Секоја кора се сече на 8 парчиња како за кифлички.Од секое парче се витка кифличка. Во секоја кифличка се става по една лажичка од филот. Кифличките се редат во круг врз филот. Сите кифлички ги собира врз филот во еден ред и над нив се става пак од шолтиот фил па врз него 2 црна кора. Одозгора тортата се премачкува со малку фил и со рендана чоколада.
Тортата е висока и треба да одстои 4-5 часа пред сечење за убаво да се спои средишниот дел. Одозгора може да се декорира и со шлаг но во старите рецепти правило беше декорацијата да е од состојки кои ги има во самата торта и јас така и направив.