Компири со месо во тесто
Мојот 100-ти рецепти одлучив да биде наше едноставно јадење, со состојки кои секогаш ги имаме при рака и спремано на малку поинаков начин. Месото може да биде пилешко, телешко или јагнешко.
Најпрво подгответе го тестото.
Во сад ставете го брашното, солта, маслото и со водата замесете мазно тесто. Покријте го со најлонска фолија и оставете го да одмори 30 мин.
За тоа време подгответе го полнењето-филот.
Компирите излупете ги, исечете ги на коцки и ставете ги во сад. Месото исечете го на коцки, доматите исецкајте ги, морковот исецкајте го на кругчиња и додајте ги во компирите. Додадете го грашакот, магдоносот, зачинот, солта и биберот по вкус и измешајте ги.
Тестото поделете го на поголем дел(околу 3/4) за подлога и помал дел (1/4) за одозгора како капак.
Со поголемиот дел развлечете поголема кора да виси околу 1 см над садот (јас користев овален огноотпорен сад, но може да се стави и во тепсија бр.28) и ставете ја во садот.
Наредете го месото со компирите и попрскајте го со неколку лажици масло. Развлечете ја помалата кора и покријте ги.
Превиткајте ја кората што виси со притискање за двете кори да се спојат. Одозгора со малку тесто украсете ја по желба.
Се пече во претходно загреана рерна на 200 степени 30 минути и на 180 степени уште 1 час и покриено со фолија за да не потемне.
Се служи топло со салата.
Лиценца: Сите права се задржани
Izuzetno testo, decenten polnez, ubavi sliki, se vo sklad so to sto vo tek na naseto druzenje ni go pokazuvas ovde....
Uzivaj vo svojot den :))))
Fala ti mnogu za ubavite zborovi :)
и твојот 100-ти рецепт, е одличен рецепт кој ги поврзува македонската традиција, со влијанието на италијанската кујна и стил во готвењето, има и одлична фотографија, како и сите твои досегашни рецепти.
Овде со нас сподели и одлични италијански рецепти, кои беа прикажани на едноставен начин, за секој да може да ја разбере подготовката. Ти благодариме за твојата посветеност и се надеваме на долготрајно дружење :)
Како благодарност ти подаруваме Делимано Фестиво тава. Честитки!
Najprvo da vi se zablagodaram sto postoi ovaa ubava Makedonska stranica kade mozat da se vidat razni recepti od nasata kujna i posiroko, a i sto ni go ovozmozivte druzenjeto so clenkite pokraj spodeluvanjeto na receptite i ideite i novinite vo gotvenjeto. Zatoa site zaedno odime napred.
Fala vi mnogu za ubavite zborovi, cestitkite i nagradata, i najgolema zelba mi e site vas licno da ve zapoznam . Se nadevam ke napravite edna sredba koga ke bidam vo Makedonija :)))
Golem pozdrav!
Samo sakav da prasam folijata ja stavas i koga peces na 200 stepeni, samo na krajot ja vadis malku za da se zapece testoto?
folijata e staviv otkako e namaliv temperaturata, dotogas se zacrvena i e pokriv da ne izgore, zasto uste saat treba pecenje :)
pozdrav do site!
А за благото, благодарам. Многу убаво изгледа баклавата :)))
почнав да викам и фала затоа што да ве немав вас тука да ми готвите, дома ќе поцркавме од глад :) :) :) :)