Тесто за погачи и кифлички - Памук тесто
Тестото е така податливо за работа, само вие сакајте да месите и да си креирате од него било што кифли, погачи, форми кои вие ќе ги посакате. Ми се чини дека ќе ви стане едно од омилените теста. Денес јас месев половина од состојките, направив една погачка која ја печев во 26 број модла на откопчување.
- Квасецот растворете го во дел од водата со 2 лажици шеќер.
- Брашното истурете го во садот во кој ќе месите, додадете ја солта, остатокот од шеќерот (3 лажици) , направете кладенче, додадете во него веќе растворениот квасец, остатокот од водата, млекото, зејтинот. Месете да добиете фино меко, но сепак еластично тесто.
- Оставете го да стаса, премесете и веќе останува на вас што ли тоа ќе направите од него. Формираното тесто дали ќе е погача или кифли или бухтли...
Пред да ги ставите да ги печете премачкајте со сматена жолчка, доколку сакате поросете со од вас избрано семе сусам, афион, ким... ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин. Внимавајте да не ви изгори одозгора, можете да ја покриете со фолија последните 15 минути.
Напомена
Како што кажав можете од тестото се и сешто да си спремите. Кога од него правам бухтли го делам на 16 топчиња (се однесува за целата доза), секое го расплеснувам на раката ставам сирење внатре и формирам правилно и убаво топче, ги редам едно до друго, чекам да стасат - премачкувам и печам.
- Денес е погачка формирана од кифлички.
- Ако некој ќе посака да го меси тестото по овој мој рецепт сигурна сум дека ќе се врати со информација дека тестото е ПАМУК меко, вкусно...
- Да ви кажам дека нема јајце во тестото чисто онака да не ве буни мислејки дека сум заборавила не сум, едноставно нема...
Лиценца: Сите права се задржани
Поздрав и до твојата мајка која очигледно е дека следи што постирам јас.Мене ми е омилен овој рецепт, моите деца ми велеа - ај направи од тоа пајажина кифличките... многу ги сакаат, се надевам дека на многумина кои прочитаа овде после првото месење - ке го стават на врвот на својата листа што се однесува за тесто... Уживајте и топли поздрави!
Еееее имам нов рецепт:)))
Инаку ги правев со црно-ќумур брашно, тип 950, па беа задоволни, а пак кога ќе ги направам со белоооо.....е тогаш ќе ти раскажам реакција.
Друг впечаток: кифлите мислам дека требаше уште да стасаат, ама јас брзо побрзо ги ставив во рерна (нели многу гладни усти...хахахаха) ама затоа погачката, се како што треба и излезе милиииина...Поздрав до фамилија!
еве и сликички, како што ветив:)
site koi gi probaa kiflite imaa samo pofalni zborovi
receptot brzinski se pasiri pomegu prijatelkite italijanki
Fala ti najmnogu Lile.....pozdrav i Srekni praznici!
Dojde red i ovoj recept da go probam :))....Koja pofalba da ja kazam, a veke da ne e kazana? Testoto e preubavo, odlicno za rabota, isklucitelno nezno i meko testo. Lile, ti blagodaram sto go spodeli receptov tuka na stranava za da mozeme i nie da probame od ovaa ubavina! :)
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%BA%D0%B8%D1%84%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8/
да „се најди“ ...ха ха, навистина како се што е погоре наведено ....
Еве и јас да се пофалат после толку обиди малу слична како вашата, преубаво, меко како памук, ти благодарам