Тесто за погачи и кифлички - Памук тесто
Состојки
- 240 мл. топло пресно млеко
- 240 мл. топла вода
- 240 мл. зејтин
- 5 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 20 гр. квасец
- 840 гр. брашно
- 1 жолчка за премачкување
Подготовка
Тестото е така податливо за работа, само вие сакајте да месите и да си креирате од него било што кифли, погачи, форми кои вие ќе ги посакате. Ми се чини дека ќе ви стане едно од омилените теста. Денес јас месев половина од состојките, направив една погачка која ја печев во 26 број модла на откопчување.
- Квасецот растворете го во дел од водата со 2 лажици шеќер.
- Брашното истурете го во садот во кој ќе месите, додадете ја солта, остатокот од шеќерот (3 лажици) , направете кладенче, додадете во него веќе растворениот квасец, остатокот од водата, млекото, зејтинот. Месете да добиете фино меко, но сепак еластично тесто.
- Оставете го да стаса, премесете и веќе останува на вас што ли тоа ќе направите од него. Формираното тесто дали ќе е погача или кифли или бухтли...
Пред да ги ставите да ги печете премачкајте со сматена жолчка, доколку сакате поросете со од вас избрано семе сусам, афион, ким... ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-25 мин. Внимавајте да не ви изгори одозгора, можете да ја покриете со фолија последните 15 минути.
Напомена
Како што кажав можете од тестото се и сешто да си спремите. Кога од него правам бухтли го делам на 16 топчиња (се однесува за целата доза), секое го расплеснувам на раката ставам сирење внатре и формирам правилно и убаво топче, ги редам едно до друго, чекам да стасат - премачкувам и печам.
- Денес е погачка формирана од кифлички.
- Ако некој ќе посака да го меси тестото по овој мој рецепт сигурна сум дека ќе се врати со информација дека тестото е ПАМУК меко, вкусно...
- Да ви кажам дека нема јајце во тестото чисто онака да не ве буни мислејки дека сум заборавила не сум, едноставно нема...