Срциња со цимет од лиснато тесто
Чекор 1: Измешајте ги шеќерот и циметот.
Чекор 2: Расукајте го листатото тесто на долгнавеста кора, широка отприлика 10см.
Чекор 3: Посипете од мешавината од шеќер и цимет на работната површина и ставете го тестото за да се налепи. Потоа посипете го остатокот од мешавината и од горната страна.
Чекор 4: Свиткајте го тестото во облик на срце - половина ролна од едната страна, половина од другата. Сечете парчиња дебели околу 2см.
Чекор 5: Наредете ги парчињата на тава обложена со хартија за печење. Нека се печат околу 15-тина минути на 180С.
Чекор 6: Откако ќе ги извадите испечените срциња посипете ги уште еднаш со преостанатата мешавина од шеќер и цимет.
Најубави се додека се топли...неверојатен вкус, а толку едноставен рецепт од само 3 состојки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ги направив и си се изнамфкавме по дома од што беа вкусни. нормално дека си забушив нешто, ме мрзеше да ги срцосувам :) :) :) :)
А нели колку убав вкус се добива од само 3 состојки :)