Испечати

Срциња со цимет од лиснато тесто

Срциња со цимет од лиснато тесто

Состојки

  • 100гр. шеќер
  • 4 лажички цимет
  • 1 пакување лиснато тесто

Подготовка

Чекор 1: Измешајте ги шеќерот и циметот.
Чекор 2: Расукајте го листатото тесто на долгнавеста кора, широка отприлика 10см.
Чекор 3: Посипете од мешавината од шеќер и цимет на работната површина и ставете го тестото за да се налепи. Потоа посипете го остатокот од мешавината и од горната страна.
Чекор 4: Свиткајте го тестото во облик на срце - половина ролна од едната страна, половина од другата. Сечете парчиња дебели околу 2см.
Чекор 5: Наредете ги парчињата на тава обложена со хартија за печење. Нека се печат околу 15-тина минути на 180С.
Чекор 6: Откако ќе ги извадите испечените срциња посипете ги уште еднаш со преостанатата мешавина од шеќер и цимет.

Најубави се додека се топли...неверојатен вкус, а толку едноставен рецепт од само 3 состојки.