Јас користев готово лиснато тесто, но секако по ваша желба можете и со домашно направено. И она што го користев беа два дела по 250 грама тесто.

Од првата половина на набрашнета маса развлекуваме кора и ја сечиме на 4 дела. Можете во вид на триаголници, можете правоаголници во зависност како сакате да ви излезат. На секоја четвртина ставаме кечап, наросуваме оригано и ставаме по една виршла. Лесно го виткаме тестото околу виршлата, исто како кифлички. Постапката ја повторуваме со сите виршли, а потоа и со вториот дел од тестото.

Рерната треба да е загреана на 250 степени и на таа температура се печат само 5 минути, потоа намалуваме на 200 степени и печеме уште 20-25 минути, во зависност од јачината на рерната.

Доколку не ги сакате премногу крцкави можете да ги покриете со крпа околу половина час, а вкусни се и после неколку часа и кога скроз ќе омекнат.

И ако работите со готово лиснато тесто, мој совет е да не ви е размрзнато сосема зошто потешко се задржува правоаголната форма во развлекувањето на кората.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови