Едноставна и вкусна штрудла која се подготвува од готово лиснато замрзнато тесто кое може да го набавите од маркетите.

1 .Потребно е тестото да е одмрзнато, па затоа 3-4 часа пред да почнете со подготовката, извадете го од фрижидер.

2. За подготовка на кремот во 300 милилитри вода ги ставаме вишните и ги загреваме на оган. Во 50 милилитри вода ги раствараме пудинзите со шеќерот .Кога ќе зовријат вишните, да вријат 2 минути и ги додаваме пудинзите и матиме додека да се згусне смесата. Тргаме на страна за да олади.

3 .Сечеме хартија за печење колку што е тавата. Кората ја развлекуваме со сукало на хартијата за печење. Ја развлекуваме со големина малку помала од хартијата.На едниот крај го нанесуваме оладениот крем и мотаме ролат.Засекуваме на неколку места и ја ставаме штрудлата во тавата заедно со хартијата .

4. Штрудлата ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути односно додека не зарумени.

5. Топлата штрудла ја поросуваме со шеќер во прав и веднаш може да се пробува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови