29
окт
2019
Штрудла од лиснато тесто со овошје
Превкусна штрудла која се топи во уста. Пробајте ја... Прво се подготвува филот така што овошјето се става во тенџере и се додаваат шеќерот, нишестето, циметот и малку вода. Се заедно се вари со постојано мешање и одкако ќе зоврие се вари уште една минута. Филот се остава да се олади. Лиснатото тесто го сучиме во правоаголна кора, го нанесуваме филот и виткаме ролат. Ролатот со четка го премачкуваме со млеко и печеме во плех покриен со хартија. Штрудлата се пече во загреана рерна на 190 степени околу 25 минути(додека не зацрвени). Печената штрудла ја ја прелеваме со преливот од шеќер во прав со вода и ја наросуваме со ливчиња бадем. На здравје!