Патче од лиснато тесто
1. Лиснатото тесто се одмрзнува и се истенчува до дебелина од 1 см.
2. Со калап се вадат патчињата и секогаш да биде парен број.
3. Фил- иситнетото сирење, 1 цело јајце и 1 белка убаво се мешаат.
4. Се става од филот на секое второ патче. Се прекрива со она кај што нема фил и лесно се притиснува на страните.
5. Се премачкува со жолчката, која предходно е изматена со малку зејтин.
6.Се става во загреана рерна на 220ст.С и се пече додека малку да порумени(10-15 мин.)
7. Во меѓувреме се продинстува зеленчукот на малку путер, кој служи како прилог, во случајов како гнездо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а калап имаш за него? а од каде го купи? (леле 1000 зотшто 1000 затоа треба да ме вработат) :) :) :) :)
јас сум калапче фрик, тоа до сега го сфати, нели? :) :) :) :)