Патче од лиснато тесто
Состојки
- 1 пак. лиснато тесто
- 200 гр сирење
- 2 jajca
- за гарнир праз, млад кромид, црвена, зелена и жолта бабура, вегета
Подготовка
1. Лиснатото тесто се одмрзнува и се истенчува до дебелина од 1 см.
2. Со калап се вадат патчињата и секогаш да биде парен број.
3. Фил- иситнетото сирење, 1 цело јајце и 1 белка убаво се мешаат.
4. Се става од филот на секое второ патче. Се прекрива со она кај што нема фил и лесно се притиснува на страните.
5. Се премачкува со жолчката, која предходно е изматена со малку зејтин.
6.Се става во загреана рерна на 220ст.С и се пече додека малку да порумени(10-15 мин.)
7. Во меѓувреме се продинстува зеленчукот на малку путер, кој служи како прилог, во случајов како гнездо.