Зелник со блитва и урда
Здраво на сите, бидејки сум голем љубител на тестенини, нека ова биде мојот прв рецепт, а се надевам не и последен.
Инаку рецептот ми е од свекрва ми и всушност со него се научив да сукам зелник, како млада домаќинка. (100пати проверен и секогаш одлично излегува).
Нешто слично има објавено една предходна членка елиза, но тука финтата е во расукувањето.
Брашното, солта, маслото и пецивото го ставате во подлабока вангла и пополека додавате млака вода и месите меко тесто (по потреба можете да додадете брашно ако ви се лепи многу). После тестото го префрлате на работната маса и убаво месите со тепање на тестото, се додека не стане убаво глатко и малку спотнато.
Го оставате да одмори 30 мин.
Во меѓувреме го припремате филот, блитвата исчистена ја сецкате, ја обарувате со малку масло и кога ќе и излезе водата и подолади ја додавате урдата и се заедно мешате.
Откако тестото ќе пододмори го делите на два еднакви дела и од секој дел расукувате кружна кора, но предходно работната маса и тестото го попрскувате со густин. Кората ја премачкувате со размекнат маргарин и сало (ако имате) и ја сечите како полжав (види слика) и пополека ја замотувате како клопче во сите насоки и правци, со мрсниот дел во внатрешната страна. На ист начин ја правите и втората кора и ги ставате во фрижидер да одстојат 30 мин.
После првото клопче убаво го попрскувате со густин и од него расукувате кора која ја ставате на намрснат плех со тоа што малку да виси од страните, го ставате филот и одозгора на ист начин припремена ја ставате втората кора набрчкана и ги правите страничните витки. Попрскувате одозгора со масло и печите во загреана рерна на 250 С, додека да добие убава црвена боја.
Служите со јогурт и кисело млекце. Опционално можете да ја правите и со друг фил, праз, мелено месо....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Да отсекогаш сум сакала да јадам сукани работи, а баш од рака не ми одеше, па овој начин беше откривение за мене. И овој рецепт го ставиив за помош на сите млади и нетолуискусни домаќинки.