Прво се матат јајцата, а потоа се додаваат останатите состојки освен сирењето и блитвата, се добро се мати.
Во тенџере се зоврива вода и се попарува врз исчистената и миена блитва, стои 20 минути. Потоа блитвата се сецка на ситни парчиња и се меша заедно со сирењето.
Се замаат по две кори, врз нив се става од течноста и убаво се распоредува по целата кора, а потоа со рака се прска од филот со блитва и сирење, но не премногу.
Кората се витка во ролна и се редат во подмачкано плехче. Се така додека не ви се потрошат корите. На крај се полива со останатата течност врз питата и се попрскува со малку масло.
Се пече на 210 С 40 минути
(чашата е од 250 гр јас така ги мерев сите состојки) место блитва може и спанаќ или само со сирење

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови