Квасецот се остава во млака вода со малку шеќер и се остава да одстои 15 минути. Во брашното се става квасецот, сол, 150 мл масло и околу 500мл вода или повеќе по потреба за да се замеси меко тесто. Измесеното тесто се остава околу 10 минути да одмори. Потоа се формираат 8 кравајчиња од него. Секое се разсукува во кора од околу 1 см и се премачкува со масло. Вака премачканите кори се покриваат со проѕирна фолија и се оставаат 1 час.
Потоа секоја кора се разсукува со сукало и се растегнува колку што може за да се добие тенка кора. Кората се попрскува со масло и смеса подготвена од два матени јајца со павлака и сирење. Се завиткува кората и се става во подмачкана тава со виткање во вид на полжав. Истата постапка се повторува и со останатите кори и секоја се завиткува околу другите додека не се потроши целата смаса и не се потполни тавата бр 32. На крај се подмачкува со масло и се наросува со пармезан.Така подготвената пита се става да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови