Веруваме дека сите знаете да направите Мусака. Фичо ќе ни покаже малку покреативен начин на редење на Мусаката.

Подготовка

Чекор 1: Исечете го на кругчиња зеленчукот, како што го прави тоа Фичо во видеото.

Округлото тавче намачкајте го со путер и сечете ленти од тиквичката со ноже за лупење. Лентите постелете ги во тавчето.

Чекор 2: Во тавата за пржење ставете малку маслиново масло и путер и оставете да се загрее, па додадете го меленото месо да се пржи.

Чекор 3: Во тенџере пропржете го ситно сецканиот кромид, 1 рендан морков и две ситно сецкани лукчиња. Од како ќе зарумени, додадете го меленото месо и 3-4 лажици кечап. Зачинете со чили, сол, црн бибер и малку ким. Тргнете го малку на страна да се подолади, па додадете го ренданиот кашкавал. Промешајте да се спојат месото и кашкавалот.

Чекор 4: Наредете го месото врз тиквичките и посипете една рака рендан кашкавал врз месото. На дрвена даска наредете ги зеленчуците во кули, а потоа врз месото наредете ги како полжав и покријте ја тавата со фолија.

Чекор 5: Печете на 200 степени околу 15 минути, потоа уште 40 минути без фолија. Потоа прелијте ја мусаката со трите јајца изматени со малку јогурт, сол и бибер. Вратете ја мусаката да се допече уште 30 минути без фолија. Мусаката е готова.

СОВЕТ: Количината на зеленчукот што ќе го употребите за горниот слој на Мусаката зависи и од големината на самите парчиња зеленчук!