Се сецка кромидот и се пржи.Потоа се додава рендан морков и рендана тиквичка,се убаво се пржи.Потоа го додаваш меленото месо и на крај се додава доматното пире и оризот.(јас ја користев делимано вог тавата за подготовка на филот види слика)Се зачинува со сол и бибер.
Се мијат листовите блитва и им се сечат рачките.На страна топлиш вода да зоврие и се попаруваат ,треба да стојат 15 минути потопени во водата.Кога се е готово се става од филот во листот и се виткаат сарми(немој да ги стискате сармите кога ќе ги виткате).Се редат во плехче и врз нив се става вода и малку масло да ги покрие ,Се затвара со алуминиумска фолија,Печете на 220 С околу 40 мин.Потоа тргнете ја фолијата и додате ја хоплата врз сармите(доколку хоплата е густа разматете ја со малку вода) печете сега на 200 С да поцрвенат.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови