Сарма од блитва без месо
Најпрво обарете го црвениот ориз заедно со просото и хељдата околу 20 минути. Листовите блитва исто обарете ги околу 5 минути во вода со малку сода бикарбона. На загреано масло испржете го ситно исецканиот кромид, сецканиот морков и пиперка. Додадете ги исецканите свежи печурки и малку пропржете ги да поруменат. Зачинете и посолете по вкус. На крај во тавата додадете ги и обарените житарки со оризот и пржете уште неколку минутти. По желба може да додадете 2 - 3 лажици доматен сос.
Со оваа смеса се виткаат листовите од обарената блитва. Се редат во земјена или керамичка тава за печење, се посипуваат со масло и сол и се ставаат да се печат околу 40 минути, додека не се запечат малку на површината. Се служат во комбинација со кисело млеко или по желба. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови