Сарма со блитва
Од листовите блитва исечете ги тврдите делови, измиете ги убаво, наредете ги во некоја тепсија и попарете ги со врела вода. Нека постојат некое време, да омекнат.
Запржете го ситно исечканото кромитче, додајте го исечканото чадено месо, пропржете го и потоа ставете го и меленото месо да се пржи. Кога е готово, ставете го оризот, уште малку пржете и зачините по вкус.
Виткајте сарми со филот, ставете од него малку повеќе од вообичаените сарми со расол.
Редете ги сармите во земјена тава, одозгора прелијте ги со вода, по желба може да ставите и доматен сос, малку масло, затворете ја тавата со капак или фолија и ставете ги да се печат. Времето одредете го сами, а на крајот можете или да ги запржите или пак да ги прелиете со кисело млеко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови