Листовите ги оставаме во врела вода со лажичка сода бикарбона 15 минути за да омекнат. Големиот бел дел од блитвата срцевината ја одстрануваме.
Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме да се испржи, па го додаваме меленото месо.
По неколку минути откако месото ќе ја смени бојата во пржењето, го додаваме и оризот, зачинуваме и мешаме, потоа тавата ја тргаме од оган.
Врз секој лист од блитва ставаме една лажица од филот и формираме сарми.
Кога ќе бидат готови сите сарми, ги ставаме во сад за печење, додаваме вода до половина од сармите и печеме во загреана рерна на 250 степени околу 50 минути.
Во тава на оган ставаме масло и една лажица брашно, мешаме, па додаваме и една лажица црвен пипер и повторно промешуваме.
Вака добиена запршка, ја ставаме врз сармите и печеме уште 5 минути.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани