Даниела Џогова, ни ги пренесува традиционалните празнични рецепти
Кога одиме на семејни прослави, верски слави и други поводи, она што најчесто се послужува на масата се рецепти кои може да ги наречеме традиционални за вакви мигови. Кога ќе ги погледнеме рецептите на Даниела, може да видиме огромен труд кој таа го вложува за да ги подготви ваквите рецепти, но и желба да ги сподели со другите.
Таа со задоволство готви за своето семејство, сопруга, мајка, а иако млада, наскоро очекуваме да стане и баба.
Нејзините над 130 рецепти кои ги има споделено на моирецепти.мк, се најчесто едни од најпопуларните, веруваме дека токму заради тоа што многумина ги виделе, но не можеле да дојдат до рецепт како да ги подготват. Особено кога станува збор за разни колачи, а и разни рецепти со тесто.
Но, еве што ќе ни каже таа за себе:
Колку време во денот поминуваш во кујната?
- Кујната има посебно место во мојот дом. Секојдневно најискористен дел од нашиот дом, а и најпосетен. Првото утринско кафе секогаш го пијам во кујната и тогаш се планира ручекот па може и некое благце. И така едно добри 2-3 часа секојдневно. Се трудам да одговорам на барањата на домашните кои секогаш се за нешто топло домашно и мене ми причинува задоволство да одговарам на нивните желби.
По традиција недела ни е резервирана за тесто било тоа да е пита, мекици, пирошки, крофни. Тогаш сите сме дома и заеднички топол појадок да вкусиме. Мирисот на квасец - топло лепче ги зближува луѓето и убаво е да се почувствува во секој дом. Па усте и кога ѕиркаат во рерната до каде е, дали е испечено, тоа е навистина задоволство за вложениот труд.
Како дојде до сите овие рецепти, кои се на некој начин традиционални, но ретко кој ги подготвува сите заедно?
- Рецептите што ги користам во кујната се повеќе традиционални, но не дека не трпат некои измени. Тоа се рецепти кои ги правеле моите баби, мојата мајка, а сега и јас. Многу од тие рецепти се готват по оригиналниот рецепт кој го имам, но во зависност од желбата на домашните и од материјалот во дадениот момент, може со искуството да се прилагоди и рецептот. Ги ценам старите рецепти затоа што не е умешност да направиш ручек со полн фрижидер намирници - умешност е ако со две три состојки успееш нешто вкусно да подготвиш. Еве како пример би го зела Росникот, тоа наизглед е печена тарана, но вкусот е навистина е посебен.
Во мојот дом имаме многу имендени, родендени, слави, така да имам време и прилика за многу рецепти, а и одредени рецепти се наменети за одредени луѓе.
Често споменуваш дека твоите ќерки ти помагаат во кујната. Дали се трудиш да им го пренесеш своето познавање за готвењето и од која возраст започнале да ти прават друштво додека готвиш?
- Се трудев моите ќерки уште од мали да ги запослам додека месам, секогаш имаше парче тесто за нив, а место сукало користеа дрвена лажица. И секогаш имаше по некое прасенце или цвеќенце меѓу кифличките и се разбира, тие беа за тато. Додека се правеа слатки често знаев да ги запослам околу сечкањето, матењето и така во нив полека се раѓаше желба да помогнат и најважно е што се случуваше да ми речат - мамо ајде досадно ни е, дај нешто да готвиме. Затоа мислам дека желбата за помош се раѓа само како желба, а не како обврска.
Преферираш месо или зеленчук?
- Месото е нешто без кое не функционира кујната, а зеленчукот е секогаш застапен и тоа во големи количини. Салатата е задолжителна, а месото си е месо - така велат кај мене. Значи месо со многу зеленчук.
Кој е твој рецепт кој со гордост го подготвуваш? Или кој рецепт го сметаш за лично твое ремек дело?
- Искрено немам некој рецепт посебно, ете можеби Колпитето, така барем другите ценат дека со тестото убаво се снаоѓам.
Слатките работи ги правам доста често па не би можела да издвојам некое посебно така тулумбите и назлифатмите ми се фаворите на најмалата ќерка, средната - само чоколадни филови и торти, а најголемата тесто и месени работи. Не знам - сакам да правам се и сешто, често експериментирам, сакам нови рецепти, а и старите од другите краеви и култури, така да едноставно сакам да сум во кујната. Од готвените јадења тоа е селското месо, многу сосови и навистина не можам да одвојам некој рецепт.
Што за тебе претставува дружењето со моирецепти.мк?
- Со самото зачленување на овој сајт мислам дека добив многу пријатели и одамна требаше еден ваков потег за наша мк страница, затоа што лутавме по други сајтови прескокнувајќи си ја својата култура и умешност. Па не џабе се рекло - дома си е дома.
Моирецепти ви благодарам јас, а сигурно и многу други така се чувствуваат, што ни овозможивте убави моменти на дружба, место каде што може многу што да се научи и сподели со сите.
Дали сметаш дека Делимано садовите се соодветни за подготовка на традиционалните рецепти?
- Делимано садовите се соодветни за секакви рецепти. Не го велам тоа само така, туку ги имам повеќето од садовите и сум презадоволна и јас, а и многу пријатели. Сега во нашата традиционална кујна се застапени земјените садови посебно за тавче гравче,турлитава,селско месо, но некогашните фурни и така се заменети со шпорети на плин и електрични, така да секако не се доловува оној шмек од садовите и сега повеќе би се решила за попрактично и поекономично готвење во Делимано.
Што е она што сметаш дека младите готвачи не смеат да го изостават? Што мора да научат од тајните кои со генерации се пренесуваат во готвењето?
- Младите готвачи мора да научат дека готвењето не е обврска - тоа е задоволство, желба да принесеш на трпеза нешто што би го јаделе сите. И кога готват за други, секогаш да ја почитуваат желбата на другите, затоа што за вкусовите не се дискутира. Мислам дека премногу се посветува внимание на надворешните култури, на надворешните вкусови, па нека вметнат и нешто традиционално, нешто свое во кујната затоа што мирисот на мајчина кујна е длабоко во нашиот желудник. И не мора секогаш, барем за празници нека ја испочитуваат традицијата и нека се обележи празникот автентично.
Pozdrav, Dani, ti cestitam za napravenite, napisani i slikani poveke od 130 recepti ! Bravo!!
Navistina nema sto da se povtoruvame.. samo prodolzi da se druzis so nas...
не е од хормоните мајке ми, ама си насолзив очи :) :) :) :)
кога ја почнавме дружбава овде, на почетокот ми делуваше ладна, културна и воздржана, за подоцна да ми стане јасно дека премногу погрешно ми личело.
сега кога ќе помислам на тебе, помислувам на деца. кое дете и да фатиш за рака ќе биде ТВОЕТО, толку си мила што сите ги сакаш и за сите има место во твоето срце. ти си ми како мајка за сите деца <3
и начиниот на кој што толку нежно го собираш семејството на трпеза ми е медоина! :)
со толку љубов спремаш, што се' што правиш личи гола вода лесно :)
(заради тоа ти простувам што те мрзи да фотографираш) :) :) :) :)
дани, ти си ТЕШКА ДУШОИНА од човек, многу ми е мило што те запознав. џабе ќе трошам зборови понатака, немам такви што би те опишала како што треба <3
и ако еден ден имам успешни назлифатми ќе застанам на планина и ќе урлам од среќа :) :) :) :)
Malku da porasnat Vedrana i Ognen i ti ke bides ista i vo tebe ima ljubov i energija sto im e potrebna na mnogu luge.Covek sto ja saka prirodata mora da gi saka i lugeto a nazlifatmite ne se voopsto teski ne znam zosto takvo mislenje imate pa probaj samo eve jas veke pocnav so podgotovka za praznicite a neli i baba me vikaat mora da gi imam vo friz.Eve gi moite devojki fateni na lice mesto kako pomagaat
Честитам Дани и секое добро... да се дружиме овде долго и долго - желбата ми е таа,
Поздрав и уште еднач честитки.
лили, колку што спиеш ти во 6 сабајле, толку и ние. :) :) :) :)
јас дури и во 5 станав, гладна војска по дома, па после се мушнавме сите четворица на кревет :)
Поздрав
Sto se odnesuva do moeto XOBI e kolku da se zanimavam so nesto ,a nemam dobra slika da go prikazam ,kako vie sto imate JASNI SLIKI I OD SAMATA SLIKA DA GO NAPRAVIS pozz