Свинско со компир
Месото се сецка на ситни коцки. Исто и компирот се лупи и се сецка на коцки и се става во тава на загреан зајтин. Се пропржува 10 минути, а потоа му се додава и месото. Се додаваат листовите ловор и се налева една чаша вода од 200мл. Се покрива тавата и се остава да динста додека не испари водата и да подомекне компирот.
Одкако водата ќе испари се додава рузмаринот, лукот, биберот и вегетата, па се налева виното. Се остава 5 минути со затворен капак да се спојат мирисите, а потоа капакот се трга и се пржи околу 10 минути додека испари виното.
Овој ручек го готвев во Делимано тава и така и препорачувам и на другите. Компирот кога се динста има својство да се лепи за дното, но во овие тави тоа не се случува и затоа препорачувам кој има желба, а и можност да си ги набави и да си го олесни готвењето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела