Месото го сечеме на парчиња, а исто тоа го правиме и со компирите кои ги сецкаме на коцки. Го сецкаме и кромидот. Јас морковите ги изрендав ама може и тие да се исецкани на парчиња. Се заедно ставаме во тенџере и налеваме вода во тенџерето, го покриваме и оставаме така додека не извари водата, т.е проверуваме со вилушка дали месото и компирите се варени. Потоа додаваме масло и зачини и ги пржиме состојките уште 5-10 минути и готово , хехе

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови