Најпрво во загрената вок тава со ладно цеденото сончогледово масло ставете го на коцки исеченото свинско. Пржете го додека не порумени и извадете го од маслото. Во истото масло ставете го најпрво на кругови исечениот кромид. Потоа додадете ги на ленти (со лупалка исечени) моркови, зелени млади тиквички, исечената зелка, буковки и пиперки. Наросете ги со бибер, сол и зачин и оставете ги да се крчкаат во вок тавата со привремено мешање. Пржете го зеленчукот околу 10 минути и додадете го во смесата и местото. Оставете го зеленчукот уште 10 минути да омекне и тргнете го на страна. Во малку млака вода растворете го мисото (доколку го користите), додате го во него и ѓумбирот во прав, малку масло од сусам и соја сосот. Вака подготвениот прелив истурете го врз зеленчукот со месо.

Ова  јадење сервирајте го со додадток по желба. Јас го комбинирав со кус кус, а го обожавам и со басмати ориз или нудли. Добар Апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови