Зеленчук со свинско во вок тава
Состојки
- 300 гр домашно свинско месо
- 200 гр свежа зелка
- 2 мали зелени тиквички
- 4 средни моркови
- 4 зелени пиперки
- 2 главици кромид
- 200 гр свежи буковки
- ладно цедено сончогледово масло
- ладно цедено сусамово масло
- по желба сол
- по желба био зачин
- 1 лажичка ѓумбир во прав
- по желба свежо мелен бибер
- 1 лажица мисо од ориз (по желба, за подобар вкус на кинеско)
- 3 лажици соја сос
- по желба додаток рижото, кус кус, тестенини, пире од компир, худли
Подготовка
Најпрво во загрената вок тава со ладно цеденото сончогледово масло ставете го на коцки исеченото свинско. Пржете го додека не порумени и извадете го од маслото. Во истото масло ставете го најпрво на кругови исечениот кромид. Потоа додадете ги на ленти (со лупалка исечени) моркови, зелени млади тиквички, исечената зелка, буковки и пиперки. Наросете ги со бибер, сол и зачин и оставете ги да се крчкаат во вок тавата со привремено мешање. Пржете го зеленчукот околу 10 минути и додадете го во смесата и местото. Оставете го зеленчукот уште 10 минути да омекне и тргнете го на страна. Во малку млака вода растворете го мисото (доколку го користите), додате го во него и ѓумбирот во прав, малку масло од сусам и соја сосот. Вака подготвениот прелив истурете го врз зеленчукот со месо.
Ова јадење сервирајте го со додадток по желба. Јас го комбинирав со кус кус, а го обожавам и со басмати ориз или нудли. Добар Апетит!