Месото исечете го на коцки и стевете го во подлабок сад. Кромидот исечете го на поголеми парчиња и додадете го. Посолете, набиберете и убаво измешајте. Покријте го месото и оставете да одстои неколку саати (пожелно е да се остави да преноќи). Пропжете го на загреано масло, додадете вода и оставете да динста. Доколку е потребно додадете сол.
Земете една поголема главица зелка од туршија, издробете ја и измијте ја.Оставете убаво да се исцеди. Готовото месо извадете го на страна и во садот,во кој се динсташе, заедно со преостанатото мрсно, додадете ја зелката. Додадете масло или свинска маст. Пржете со почесто мешање. При крајот на пржењето додадете ги зачините.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани