Испечати

Свинско со зелка (расол)

Свинско со зелка (расол)

Состојки

  • 1 кг. свинско месо
  • 1 главица кромид,средна големина
  • 1 поголема главица зелка од туршија
  • по потреба зејтин или маст
  • зачини сол, бибер

Подготовка

Месото исечете го на коцки и стевете го во подлабок сад. Кромидот исечете го на поголеми парчиња и додадете го. Посолете, набиберете и убаво измешајте. Покријте го месото и оставете да одстои неколку саати (пожелно е да се остави да преноќи). Пропжете го на загреано масло, додадете вода и оставете да динста. Доколку е потребно додадете сол.
Земете една поголема главица зелка од туршија, издробете ја и измијте ја.Оставете убаво да се исцеди. Готовото месо извадете го на страна и во садот,во кој се динсташе, заедно со преостанатото мрсно, додадете ја зелката. Додадете масло или свинска маст. Пржете со почесто мешање. При крајот на пржењето додадете ги зачините.