Гибаница со 3 вида сирење
Рецептов настана случајно, во недостиг на друго сирење, а има вкус, да не зборувам за мирис, кој ќе го памтите со денови :)
Подготовката е супер лесна дури и за тие што никогаш не направиле пита.
Изматете ги јајцата, додајте ја газираната вода, малку масло (1-2 лажици), ренданите сирења и кашкавал и на крај прашокот за печиво.
Корите макајте ги во смесата и како купчиња редете ги во намастена тава. Кога ќе ви останат уште 3 кори, редете ги цели врз наредените купчиња, а ако ви останало уште малку од смесата напрскајте ги и првите 2 од овие кори. Последната кора по желба премачкајте ја со јајце или со малку вода, и наросете ја со семиња по желба.
Печете во загреана рерна на 180С, 20-тина минути.
Откако ќе се испече, покријте ја со крпа уште неколку минути и потоа уживајте!
- Количината на сирењата е според тоа што јас употребив, но вие може да ја менувате по желба или моментална залиха дома, но задолжително ставете сино сирење.
- Мислам дека трпи и 50-тина грама несолена Моцарела, или урда, па да биде и со 4 вида сирење, за екстремните љубители. :)
Лиценца: Сите права се задржани
A ako nema kaj da najdes kori, ke mora valda sama da gi pravis :) E tuka ne mozam da ti pomognam :))
гибај лево, гибај десно
мајсторе за гибаници! :) :) :) :)
Maja, uste poubavo izgledase vo zivo, ama so mobilen slikav nabrzinski, pa tolku :)
Ama pak da si kazam jas, kako mirisaaa.....
I ne mi spadna vo sredinata :))) Jas ja pecev malku podolgo, nekade 40 min, ama mozebi deka vo keramicka tava.
Vkusot navistina edinstven :))
Fala ti za ubaviot recept :))
Во врска со тоа за печењето, јасно е дека секогаш зависи и од тавата и од рерната. Јас бидејќи ја правев во Делимано Ростерот, а тој многу загрева и од долната страна, не ми требаше толку време.
На здравје нека ви е!
Predobar e receptot Anuska, topli pozdravi!
Јас од кога готвам во Делимано, не ги менувам веќе за ништо - а од нив јадењето само „лета“ надвор :)))
Ама сепак, супер ќе биде да ставиш сликички точно како си правела, ништо не е на одмет да се знае.