Гибаница со праз и сирење
Подготовка.
Јајцата ги матиме со миксер да добијат на густина и во нив ги додаваме јогуртот, кисела вода, зејтинот, пченкарното брашно и прашак за пециво. На крајот го додаваме дробеното сирење и празот. Смесата ја мешаме и во неа ги додаваме дробените кори промешуваме и сипуваме во добро подмачкана ростер мала тава.
Гибаницата ја посолуваме со лен и сусам. Печеме на 200степени петнаесетина минути, потоа намалуваме на 180степени половина час додека не добие златна боја.
Откако ќе ја извадиме од рерна тавчето го вртиме наопаку на две подметнати чаши и ја оставаме добро да се излади. Ова веќе еднаш напишав дека го научив од нашата Љиља може да видите во нејзината наопачка гибаница.
Ќе си признаам дека немав време за постапката со превртувањето. Питата мораше веднаш да се послужи гостите ни беа гладни. Ги немаше празнинките беше сплескана, ама вкусна.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани