22
мај
2012
Гибаница со сирење
Се матат јајцата, па се додава киселото млеко, пецивото, маслото и убаво се мати. На крај се додава сирењето изгмечено.
Се зима една кора и се прави триаголник се мачка со филот и се затвараат страните па повторно се мачка со филот и на крај се мота во ролна .Се така додека се потрошат сите кори.
Плехчето се мачка со масло и се редат витканите ролни едно до друго.
Посебно се мати едното јајце и киселото млеко. Се полива врз ролничките.
Се пече на 200 С да поцрвенат.
Сервирајте со јогурт.
Добар апетит
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер
Лиценца: Сите права се задржани