Гибаница со јогурт, сирење и јајца
Ако сакате да ви биде повисока гибаницата, тогаш правете ја во некоја потесна и повисока тепсија, а можете и во обична.
Направете го филот од сите состојки. Посолете ако не е солен изварката.
Земете две кори и ставете ги на намачканата тепсија. Краевите нека висат.
Другите кори ситно исечете ги, искинете ги и ставете ги во филот.
Вклучете ја рерната на 200 степени.
Смесата со филот од време навреме мешајте ја, да не остане некое парче од корите ненатопено.
Кога ќе се загрее рерната, турете ја смесата во тепсијата а со краевите од корите преклопете ја. Одозгора испрскајте ја со масло и наросете ја со сусам.
Гибаницата треба убаво да изврие, да се испечи, па откако ќе зарумени покријте ја со фолија. На крајот тргнете ја фолијата и печете уште 5 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови