Бели грчки гурабии-ванилици
Ова е еден од моите стари рецепти, па можам да речам дека има над 150год, бидејки јас го имам некаде околу 25-26 години.
Во вангла се мати маргаринот со салото се додека се добие бела пенаста маса. Пецивото се раствора со узото.
Во ванглата се додава јајцето, жолчката, узото со пецивото, сокот од лимонот и шеќерот. Сето тоа убаво се мати се додека се растопи шеќерот. Оревите се толчат и малку се потпекуваат во рерната, Јас тука додавам уште 100гр мелени ореви за побогат вкус. И тие се додаваат во ванглата со изматената смеса.
Постепено се додава брашното и се меси со рака. Тестото треба да биде тврдо.
Од готовото тесто се прават околу 70 топчиња. Јас ги правам помалечки и ми излегуваат околу 90-сетина. Се печат на 150 степени на пек-хартија.
Се печат се додека малку непоруменат краевите - треба да останат бели.
Печените колачи се прпелат во шеќер во прав. Ова се повторува уште најмалку 2-пати, а може и 3-пати, така што колачите стануваат снежно бели.
Повкусни и помеки се кога ќе одстојат ден-два ...
Лиценца: Сите права се задржани
Grckite vanilici se sekogas najubavi :) Ubavo e sto pak ne druzis :)
Eve pak se vrativ ,onaka jas znaes kako i sekade odvreme - navreme kolku da ne se zaboravime...pozzz
eve uste edna slika sum zaboravila da ja stavam...
така ги направив и еве скромна слика
Pozdrav i blagodaram za doverbata sto go isproba mojot recept , inace moj omilen...
Те очекуваме и со некој нов рецепт :)
Денес ги направив и еве одма да ги пофалам....превкусни се!!! Кај мене само со мали измени, наместо маргарин ставив путер и немав узо па затоа ставив ракија и на врв на нож мелен анис. Голема пофалба за рецептов, ти благодарам што го сподели со нас. :)