Загрејте ја рерната на 160 Ц.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Во еден мал сад просејте го брашното со прашокот за пециво и солта.
Во еден поголем сад изматете го путерот во светла пена, додајте ги двата вида шеќер и матете додека повторно добро не се запени. Колку подобро е изматен путерот, ванилиците поубави се. Додајте ја жолчката, изматете, па со шпатула вмешајте го брашното. Додајте ги сецканите ореви и уште еднаш измешајте да добиете топка од тесто. Не премешувајте, не месете грубо, ванилиците нема ронливи да ви бидат.
На лесно набрашнета подлога расучете го тестото во дебелина 1 цм, па вадете форми по ваша желба.
Печете ги 15 - 20 мин. додека не се зазлатат.
Врели попрскајте ги со вода од портокалов цвет, а откако сосема малку ќе оладат извалкајте ги во шеќер во прав.
Кога сосема ќе се оладат наредете ги во кутија која добро затвара, со дебел слој шеќер во прав помеѓу.
Се разбира, колку подолго стојат, поубави се ...
Ако немате брашно за торти, употребете сенаменско брашно, но од наведената количина 1 - 2 лажици заменете ги со нишесте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани