Грчки колачи
1. Во длабок сад се ставаат јајцата и се матат со вилушка.
1а. Да напоменам чашата е од 200 мл.
2. Се додава шеќерот и заедно се соединуваат истотака со вилушка или пак лажица, не е потребно матење со миксер.
3. Се додава и зејтинот и повторно се промешува да се соединат убаво состојките.
4. На крај се додава брашното, значи 4-5 чаши тоа зависи од големината на јајцата, и во тое се додава и прашокот за пециво.
5. Смесата излегува густа и може да се замеси со рака.
6. Потоа од тестоте се прават ленти како за плетенка,( ќе може да се види од сликата во прилог) во дебелина од 1.5 см. и се сече на парчиња во ширина од 2 см. И на едниот крај секое парче се притиска со вилушка, ( може да се види од сликата во прилог).
7. Секое колаче се реди во тавче обложено со хартија.
8. Се пече во загреана релна на 200 степени околу 10 мин, додека да зарумени долниот дел од колачињата.
9. Потоа одкако ќе се изладат се лепат со стопена чоколада , Јас чоколадата ја стопувам во топлата релна одкако ќе го извадам и последното тавче и во неа си додавам 1 лаж зејтин и повремено ја промешувам се додека се стопи.
10. Одкако ќе е залепат по две колачиња, едниот крај се потопува во чоколада и се валка во кокос, но секако тоа може да биде и нешто друго по желба.
11. Од оваа смеса излегуваат околу комплетни 35 колачиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
супер колачи марги, фала ти сликовитиот рецепт
eve slikata