Бели грчки гурабии-ванилици
Состојки
- 250 гр (1 коцка) маргарин
- 250 гр свинска маст/може и маргарин или путер,но оригиналниот рецепт е со сало
- 1 жолчка
- 1 цело јајце
- 1/2 шоља шеќер во прав
- 1 мало лажиче сок од лимон
- 1/2 мало лажиче пециво
- малку 1/2 чашка узо или ракија
- 1кг брашно
- 200гр ореви, толчцени и потпечени
- по потреба околу 150-200гр шеќер во прав за посипување-прпелање на колачите
Подготовка
Ова е еден од моите стари рецепти, па можам да речам дека има над 150год, бидејки јас го имам некаде околу 25-26 години.
Во вангла се мати маргаринот со салото се додека се добие бела пенаста маса. Пецивото се раствора со узото.
Во ванглата се додава јајцето, жолчката, узото со пецивото, сокот од лимонот и шеќерот. Сето тоа убаво се мати се додека се растопи шеќерот. Оревите се толчат и малку се потпекуваат во рерната, Јас тука додавам уште 100гр мелени ореви за побогат вкус. И тие се додаваат во ванглата со изматената смеса.
Постепено се додава брашното и се меси со рака. Тестото треба да биде тврдо.
Од готовото тесто се прават околу 70 топчиња. Јас ги правам помалечки и ми излегуваат околу 90-сетина. Се печат на 150 степени на пек-хартија.
Се печат се додека малку непоруменат краевите - треба да останат бели.
Печените колачи се прпелат во шеќер во прав. Ова се повторува уште најмалку 2-пати, а може и 3-пати, така што колачите стануваат снежно бели.
Повкусни и помеки се кога ќе одстојат ден-два ...