Баклава со суво овошје (посна)
Започнуваме со подготовка на шербетот. Во касерола го цедиме лимонот ја сипуваме водата, шеќерот и ванилата. Шербетот нека врие десетина минути.
Шербетот го оставаме да се излади.
Фил
Се мешаат оревите мелени, бисквитите мелени, чоколадата сецкана, сувите смокви и сувото гројзе исто сецкани и кокосот.
Секоја кора се попрскува со зејтин, од две кори се прави еден ролат. Во секој ролат се ставаат 3 полни лажици од филот. Излегуваат обично 8-9 ролати.
Се сече баклавата пред печена. Баклавата ја печеме на 180степени 30 до 40минути.
Топлата баклава ја париме со ладниот шербет и повторно ја враќаме во рерна додека не се излади и го впие шербетот.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани
ВикиАнеМаја - предобра е, а морам да посветам внимание и на фотографијата - одлична!!!