Испечати

Баклава со суво овошје (посна)

Баклава со суво овошје (посна)

Состојки

  • 500гр. кори за баклава со нишесте
  • 200мл. зејтин за премачкување на корите
  • Фил
  • 200гр. ореви(мелени)
  • 200гр. бисквити(мелени)
  • 100гр. суви смокви
  • 100гр. чоколада
  • 50гр. суво гројзе
  • 50гр. кокос
  • шербет
  • 900гр. шеќер
  • 700гр. вода
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лимон(сок)

Подготовка

Започнуваме со подготовка на шербетот. Во касерола го цедиме лимонот ја сипуваме водата, шеќерот и ванилата. Шербетот нека врие десетина минути.
Шербетот го оставаме да се излади.
Фил
Се мешаат оревите мелени, бисквитите мелени, чоколадата сецкана, сувите смокви и сувото гројзе исто сецкани и кокосот.

Секоја кора се попрскува со зејтин, од две кори се прави еден ролат. Во секој ролат се ставаат 3 полни лажици од филот. Излегуваат обично 8-9 ролати.
Се сече баклавата пред печена. Баклавата ја печеме на 180степени 30 до 40минути.
Топлата баклава ја париме со ладниот шербет и повторно ја враќаме во рерна додека не се излади и го впие шербетот.
Добар апетит!!!