Шеќерот, ванилата, кората од портокал и водата ставете ги на умерен оган да зовријат. Варете додека се растопи шеќерот, па тргнете ги од оган и додадете го путерот. Мешајте додека се растопи.

Млекото во прав, какаото и плазма бисквитите измешајте ги настрана и постепено додавајте ги во смесата со енергично мешање. По потреба можи да употребите и миксер (јас работев рачно).

Додадете ги веднаш и сецканите ореви, убаво измешајте и смесата истурете ја во сад (28х18) обложен со најлон фолија или пек хартија.

Оставете добро да се излади и стегни, па сечете коцки со големина од некои 3 см и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани