28
мај
2013
Чоколадни „алва“ коцки со ореви
Шеќерот, ванилата, кората од портокал и водата ставете ги на умерен оган да зовријат. Варете додека се растопи шеќерот, па тргнете ги од оган и додадете го путерот. Мешајте додека се растопи.
Млекото во прав, какаото и плазма бисквитите измешајте ги настрана и постепено додавајте ги во смесата со енергично мешање. По потреба можи да употребите и миксер (јас работев рачно).
Додадете ги веднаш и сецканите ореви, убаво измешајте и смесата истурете ја во сад (28х18) обложен со најлон фолија или пек хартија.
Оставете добро да се излади и стегни, па сечете коцки со големина од некои 3 см и уживајте.
Лиценца: Сите права се задржани
Alvata prigotvena na vakov nacin kaj moie\ve najubavo pominuva:)
Лиле, некои работи сами од себе дозволуваат да се исечат убаво, а овие беа такви, за разлика од други пак кои знаат мака да зададат за добар пресек.
Туку, едно прашање... Какво млеко во прав користиш?
Млеко во прав до сега преферирам да купувам рефус. Сега нема разлика како гледам во тоа малкуте места каде се продава кај нас, но порано имаше повеќе врсти... едно многу јако мирисаше (тоа ми беше многу грозно и секогаш бегав од него), а имаше едно на нестле-е тоа мислам нема потреба да ти кажам колку е вкусно ;) Сегашние се блиску до нестлевото на вкус, ама не се тоа ;)