Испечати

Чоколадни „алва“ коцки со ореви

Чоколадни „алва“ коцки со ореви

Состојки

  • 400 гр шеќер
  • 1 ваанилин шеќер
  • 100 мл вода
  • 2 лажици рендана кора од портокал
  • 200 гр путер или маргарин
  • 100 гр какао
  • 100 гр млеко во прав
  • 150 гр мелени бисквити
  • 100 гр сецкани ореви

Подготовка

Шеќерот, ванилата, кората од портокал и водата ставете ги на умерен оган да зовријат. Варете додека се растопи шеќерот, па тргнете ги од оган и додадете го путерот. Мешајте додека се растопи.

Млекото во прав, какаото и плазма бисквитите измешајте ги настрана и постепено додавајте ги во смесата со енергично мешање. По потреба можи да употребите и миксер (јас работев рачно).

Додадете ги веднаш и сецканите ореви, убаво измешајте и смесата истурете ја во сад (28х18) обложен со најлон фолија или пек хартија.

Оставете добро да се излади и стегни, па сечете коцки со големина од некои 3 см и уживајте.