
8
окт
2013
Фокача со козјо сирење, шери домати и рузмарин
Од состојките за тесто замесете меко тесто.
 Во плех премачкан со масло ставете го тестото и со раце развлечете го низ целот плех.
 Оставете го 2 часа да отстои.
 Откако ќе отстои и убаво ќе стаса благо со врвот на прстите притиснете го тестото по целата должина.
 Доматите исечете ги на половинки и наредете ги врз тестото.
 Потоа додајте го сирењето и рузмаринот.
 На крај прелејте ја фокачата со преливот од маслиново масло, вода и крупна сол.
 Печете на 200 степени 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани

































