Фокача со козјо сирење, шери домати и рузмарин
Состојки
- Тесто
- 350гр. брашно
- 1 варен компир
- 1/2 коцка квасец
- 50гр. растопен путер
- 2 лажици пченкарно масло
- 1 лажичка сол
- прстофат шеќер
- по потреба(околу 170мл) млака вода
- За прелевање
- 3 лажици маслиново масло
- 4 лажици вода
- 1/2 лажичка крупна сол
- Други состојки
- 10 шери домати
- 1 лажичка рузмарин
- 220гр. младо козјо сирење
Подготовка
Од состојките за тесто замесете меко тесто.
Во плех премачкан со масло ставете го тестото и со раце развлечете го низ целот плех.
Оставете го 2 часа да отстои.
Откако ќе отстои и убаво ќе стаса благо со врвот на прстите притиснете го тестото по целата должина.
Доматите исечете ги на половинки и наредете ги врз тестото.
Потоа додајте го сирењето и рузмаринот.
На крај прелејте ја фокачата со преливот од маслиново масло, вода и крупна сол.
Печете на 200 степени 30 минути.