Тортичка со банана од чаша
Оваа вкусотија... прекраснотија... од тортичка... ми ја прати другарка по електронска пошта и откако ја пробав и повеќе пати ја направив, сакам да ја споделам со вас. Се подготвува 2 минути, а се пече 3 минути, па сега вие проценете дали ќе ја направите. Единствен услов е да имате дома микровална печка.
За оваа тортичка треба да одбереме поширока чаша во која прво ги ставаме сувите состојки (брашно,шеќер, пециво, цимет и сол) и мешаме. Потоа ги додаваме и останатите (банана, јогурт, млеко, жолчка, ванила, ореви) и убаво промешуваме состојките да се соединат.
Чашата треба да ни е наполнета малку повеќе од 2/3 од нејзината висина, за да има простор да се надигне тестото. И да претече малку не е страшно, а е многу декоративно...
Се става во микровална печка на висока температура, 3 минути. Кај мене нема на колку температура сум ја ставила, само на 3 минути ја ставам и се пече.
Е сега, највкусна е кога се јаде веднаш уште топличка, ама и кога ќе се излади е вкусна. Кога е топла најдобро е да се украси со некој друг крем, поради тоа што слатката павлака од самата топлина се топи. Може да измешате крем сирење со шеќер во прав, па да ја залеете со овој млечен крем или пудинг, чоколадо....или ај , кога ќе ја направите ќе си видите каква декорација ќе примените.
Забелешка
Пире од јаболко...не правам пире...земам јаболко, го лупам, пасирам со вилушка и ставам колку ми е потребно. И бананата ја пасирам со вилушка.
Оваа доза на состојки е за една чаша.
Пробајте ја блажината со оваа доза на шеќер, па корегирајте ако не ви се допаѓа. Инаку користам хималајска сол и ленено масло. Две оревчиња, сечкани, се доволно за во една чаша.
Можеби ви се гледаат многу состојки, ама ако си направите распоред и се ви е при рака навистина ќе ви требаат само 2 минути за подготовка.
Ииии... можев да напишам само две реченици за подготовка, ама воодушевувањето беше поголемо, па затоа и јас поопширна...
Лиценца: Сите права се задржани
Поздрав!
Jas malce se plasam od mikrobranovata zasto mi nema temperatura.Odamna sakam da napravam nesto slicno,mozebi kje se proba naskoro. :)