Многу лесна тортичка за јадење, а и кога немате многу време еве еден предлог од мене.
Најпрво ги биеме белките во цврст снег и постепено го додаваме и шеќерот. Биеме убаво и ги додаваме пецивото, брашното, мармаладот и на крај млекото.
Кога ќе се изедначат сите состојки тестото го тураме во тркалезно тавче обложено со хартија. Печиме околу 25 мин. на 190 степени.
Паниспањата млака ја натураме со млакото млеко.

Започнуваме со подготовка на филот.
Жолчките ги биеме со миксер и ги додаваме во млекото во кое сме ги раствориле густинот и пудингот од ванила заедно со шеќерот. Вариме додека да се згусти и го оставаме да се излади. Филот ладен го биеме со путерот и ги додаваме мелените ореви.
Над паниспањата мачкаме еден слој фил, ги редиме кроасаните сечени на парчиња
и уште еднаш мачкаме со фил.
Слатката павлака ја биеме и ја филуваме цела тортичка и рендаме чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови