16
јул
2014
Непечена алва тортичка
Оваа тортичка е малечка, брза и лесна и едно парче торта е доволно бидејќи е блага и заситува.
1. За првиот фил се матат двете кесички шлаг крем со млекото, па се додаваат мелените бисквити и алва.
2. За вториот фил се мати шлаг пената со млекото и се додава мелената алва.
3. Се редат во четири реда, по четири бисквити кој малку ги потопуваме во млако млеко, па се премачкува со првиот фил, па пак бисквити, па вториот фил, бисквити, па прв фил, бисквити и на крај се премачкува целата торта со вториот фил и се декорира по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови