Кора
Изматете ги путерот, шеќерот и ванилата. Додавајте ги јајцата едно по едно и постојано мешајте да се изедначи смесата. Додајте го млекото и со мала брзина измешајте да се изедначи. На крај додајте го брашното измешано со какаото, пецивото и содата. Смесата измешајте ја со лажица или жица.
Истурете ја во подмачкан со путер и набрашнет калап (26) и печете на 180 степени околу 30-35 мин или проверете ја со чепкалка.

Фил
Пудингот растворете го со малку млеко а останатото заедно со шеќерот ставете го да зоврие. Потоа додајте го растворениот пудинг и на тивок оган мешајте да се згусти. Покриен оставете го да олади.
Изматете ја слатката павлака.
Изматете го путерот со пудингот и додајте ја слатката павлака и ванилата. Кратко измешајте да се изедначат.

Кората исечете ја на половина (јас бев не прецизна со ножот и затоа едната е повисока другата пониска).
Едната половина попрскате ја со половина од млекото и премачкајте ја со половина фил. Ставете ја другата кора попрскајте ја со млекото и прмачкајте ја со филот.
Тортата украсете ја со глазура од бела чоколада, шлаг или по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани