Бајадера торта со лешници и какао глазура
Среќен роденден Делимано, уште многу години да си славите. Затоа, одлучив за вашата 10 годишнина да ја подготвам кралицата на тортите, Бајадера торта, која што ја направив, збогатувајки ја со лешници и една поинаква глазура, од какао.
Прво ги подготвуваме корите.
Во калап од 22см со хартија за печење или печете ги една по една.
Белките изматете ги во цврст снег па потоа додавајте ги жолчките една по една матејки со миксер непрекинато.
На страна посебно изматете го брашното и какаото па со шпатула измешајте го во смесата. Мешајте пополека.
Печете на 180, 30мин. Корите оставете ги да се изладат комплетно пред да почнете со филување.
За подготовка на фил
Путерот измиксајте го пенаста смеса заедно со шеќерот во прав.
Во млекото измешајте го ванил-шеќерот, или екстрактот од ванила, што имате по дома и прелијте преку мелените бисквити.
Ваквата смеса додајте во путерот и со помош на миксер мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Додајте ги мелените лешници.
Филување
Ваквиот фил нанесете го на корите и ставете ги една врз друга. Филувајте одозгаора и од страна. Ставете ја на два часа да се стегне.
Глазура од какао.
Во сад додајте го маслото, млекотот и водата, ставете ги кратко на оган да се загреат додајте го путерот , шеќерот и какаото и мешајте без прекин додека не добиете глазура.
Откако филот е доволно стегнат, префлете ја на чинија за сервирање и прелијте ја со глазурата од какао. Декорирајте со лешник.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови